ТЕМПЛУМ

Ајхман во Ерусалим

„Темплум“, во рамките на својата едиција „21 век“, издаде уште една ин­те­ресна книга, од автор­ката Хана Арент - „Ајхман во Ерусалим“.

 Хана Арент, една од највли­јателните мислители на 20-тиот век и голем познавач на релациите политика-насилство, во оваа книга го претставува  познатото судење на нацистичкиот злосторник, Адолф Ајхман, еден од најблиските соработници на Хитлер, кое се случи во 1961 година во Ерусалим. Покрај извештаите и записниците, Хана Арент пренесува и некои други моменти поврзани со овој настан, како и свои коментари и толкувања.