ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ - КРУШЕВО

Мајски: Крушево и Крушевската Република

Една од поинтересните публи­кации издадени по по­вод 100-годишнината од Илинден и Кру­шев­ската Република, е кни­гата издадена од Исто­рис­киот музеј - Кру­шево, приредена од дирек­торот на Музејот, г. Ни­кола Јовановски.

Книгата под наслов „Крушево и Крушевската Република“ е всушност сведоштво преку записите на Никола Киров - Мајски, учесник и хроничар на оваа голема епопеја на македонскиот народ.
Иако записите на Мајски, кои тој лично му ги подарил на градот Крушево се објавувани сегментарно, досега не беше достапен ин­тегралниот текст во кој тој го опишува самото востание, како и настаните кои му претходеа и кои го следеа.