КОМЕНТАР
ЗАЕДНО ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Одморите дојдоа и си отидоа. Кој во земјата, кој надвор од неа, барем за малку (некој) за­борави на тоа што се случуваше во изминатиот период. Олимпијадата ја пречекавме и ја испративме. Освен за политичките бранувања што се случуваат кај нас (а тоа веќе стана како мода, за што никој веќе не се изненадува), многу се зборува и за граѓанскиот сектор. Кој колку троши, каде одат парите, кој колку зема, кој и зошто н$ финансира, и ред други прашањата кои им се на­сочуваат на граѓанските организации одвреме навреме.
Граѓанските организации и територијалната организација
Заеднички став за поддршка на демократската трансформација
Организациите членки на Ко­ми­тетот на Гра­ѓанската платформа на Маке­донија на 23 јули 2004 година од­ржаа јавна дебата со прет­седателот на Репуб­лика Маке­до­нија, Бранко Цр­вен­ковски, за процесот на децентрализација на земјава, односно за пре­д­­лог-зако­нот за те­ри­торијална ор­­га­ни­зација на ло­­кална­та са­моу­права. Учес­­­тву­ваа над 50 гра­­ѓан­ски ор­га­ни­за­ции. Три­би­на­та усле­ди по не­тран­­спа­рен­т­но­то водење на про­це­сот на­ договарање и преговарање за но­вата територијална орга­низација, при што во услови на недостаток на инфор­мации на гра­ѓанските организации им беше тешко да заземат став во врска со ова прашање.
Институтот Исток-Запад гради мостови додека идната граница на ЕУ се заканува да го прошири јазот
Во трка со времето
Во споредба со другите граници од ре­гионот на Југоисточна Европа, онаа помеѓу Србија и Бугарија е особе­но стара. Таа не е доведена во пра­шање во последните 60 години и не ги разделува туку ги поврзува локалните зедници кои живеат на двете нејзини стра­ни. Меѓу­народната изолација на Југо­сла­вија во деведесеттите години од минатиот век ги прекина на некој начин традиционалните врски, а предизвиците на транзицијата создадоа нови препреки во преку­гра­ничните активности.
погледи
(Не)одговорноста на граѓанскиот сектор
Не толку одамна, изгледаше дека сме сведоци на препород на граѓанскиот сектор: постконфлик­тниот период и особено оној во предвечерјето на парламентарните избори од 2002 година создадоа илузија дека конечно ќе се ослободиме од едно фраг­ментирано, импотентно и стерилно граѓанско оп­штество. Под мотото “Моќта е во народот” невладиниот сектор се втурна во актуелните процеси, и од животна важност за земјата.
интервју: Тања Атанасовска-Петровска, уредник на “Екологија”
ЕКОЛОГИЈАТА Е ЕДИНСТВЕНАТА РАБОТА СО КОЈА САКАМ ДА СЕ ЗАНИМАВАМ
Тања Атанасовска-Петровска запливала во водите на екологијата во 1991 година. Тогаш веројатно не претпоставила дека екологијата ќе стане толку важна во нејзиниот живот или дека ќе уредува списание кое ќе ја третира екологијата. Младата студентка по новинарство искуството го градела на “зелениот телефон” во Еколошкото друштво “Опстанок”, потоа на местото технички, а набрзо и генерален секретар на “Опстанок”.
Евроинтеграцијата во работата на дел од граѓанските организации
Пат кој се трасира со информации, но без меѓусебна координација
Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) кое годинава ја доби наградата на МЦМС за граѓанско општество и демократија за пос­тиг­нување во претходната година “Херт Јан ван Апел­дорн” е основано во 1991 година, од 1992 година е официјална членка на Меѓународното европско дви­жење во Брисел, а од 1993 година го има статусот на полноправна членка. Денес, во процесот на зголемување на бројот на граѓанските организации во Маке­донија кои работат на полето на евроинтеграциите, неговото искуство е од голема полза.
Одржливост - тема за која се повеќе се дискутира
Развој и здрава животна средина на сегашните и идните генерации
Одржливоста е тема за која во по­следно време с$ повеќе се дис­ку­тира, особено меѓу граѓанските ор­­га­низации и во граѓанскиот сектор, во­оп­што. Донаторите бараат одржливост на про­­ектите за кои обезбедуваат фи­нансиска поддршка, екологистите збо­руваат за одржлив развој во про­из­вод­ството на храна, организациите на мар­гинализираните граѓани се зала­гаат за на­малување на сиромаштијата и нама­лување на разликите во животниот стан­дард.
Во неготинското село Прждево успешно се реализира заем на МРФП
Современото производство обезбеди сигурен пласман
Во неготинското село Прждево, во Повар­да­рието, во рамките на програмата којашто ја спро­­ведува Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), и на почетокот на оваа есен, благодарение на исплатениот заем со финансиско посредство на Тутунска банка, скопската фабрика СИКА на едно место ќе ги собере производителите на познатата црвена пиперка за да го откупи родот од чијашто вредност зависи буџетот на десет семејства.