погледи

(Не)одговорноста на граѓанскиот сектор

Не толку одамна, изгледаше дека сме сведоци на препород на граѓанскиот сектор: постконфлик­тниот период и особено оној во предвечерјето на парламентарните избори од 2002 година создадоа илузија дека конечно ќе се ослободиме од едно фраг­ментирано, импотентно и стерилно граѓанско оп­штество. Под мотото “Моќта е во народот” невладиниот сектор се втурна во актуелните процеси, и од животна важност за земјата.

Резултатот беше видлив, а по конституирањето на новата власт изгледаше дека настапува период на конструктивната соработка помеѓу политиката и граѓанскиот сектор. За жал, “медениот месец”  заврши, а граѓанскиот сектор повторно се турка (или самиот себеси се лоцира) на маргините на општествените процеси.

Ретко некој отворено ја оспорува премисата дека демократската држава се потпира на потенцијалот (секако, вклучувајќи го и оној за критичко размислување) на граѓанското општество, а граѓанското оп­штес­тво единствено може да цвета во услови на вис­тински (позитивен) мир и демократија. Меѓутоа, она што се случува во последно време покажува жална слика. Во агонијата на длабоката криза на легитимитетот, власта и оние околу неа, поч­нуваат да бараат не­при­јатели во сопствената кри­тичка елита. Денес станува срам­но да се биде експерт, би­дејќи критериумите за ува­жу­вање на нечија експертиза ста­нуваат растегливи категории, за­вис­но од тоа дали се во функција на поддржување на некој владин предлог или не; и обратно, оние кои не се во власта го користат “негативот”  на истиот критериум. Про­фе­сори од највисок ранг бескурпулозно се девалвираат (веро­јатно како поука за другите смртници), а експертскиот со­вет се дефинира како “солење памет”. Со месеци, дел од невладиниот сектор и интелектуалната елита се обидуваа да укажат на важноста, но и на опас­ностите поврзани со процесот на територијалната организација на државата, но власта остана затворена во сопствениот свет на самобендисаност, во кој владее уверување дека тие знаат што е најдобро за граѓаните, но и заробени во илузијата дека граѓаните ќе им поверуваат. Власта остана верна на својата стратегија дека таа не оди на квиз на знаење (па чуму интелектуалци и експерти), туку на избори - кои се добиваат со ветувања. На крајот, излезе де­ка власта го потцени не само зна­ењето, туку и соп­ст­ве­ниот гра­ѓа­нин. Така, беше ис­пуштена уште ед­на шанса низ кон­­­струк­тивен  ди­­ја­­лог да се дој­де до најдобрите и оп­­што­при­фа­те­ни реше­нија.

Граѓанскиот сектор денес е во кри­­за, како што е и политичкиот си­с­­­­тем. Почнува по­­­­делбата на на­ши и ваши, на кон­структивни и дес­трук­­тивни кри­­тичари, на пот­сек­тори во гра­ѓан­скиот сектор, кои се повторно етикетирани зависно од етничката и политичката сродност и блискост со оние на власт.

Затоа, вреди да се потсетиме на карактеристиките на едно витално и здраво цивилно општество. Про­моцијата на “општото добро” , на есенцијалните вред­ности, како демократско владеење, човекови слободи, ненасилство, социјална правда и сл., се длабоко политички содржини. По такви суштински прашања никој не може да се однесува индиферентно и неутрално. Работата е јасна: како што вели Конфучие, нема поголема страшливост да се знае што е исправно, а тоа да не се чини. Фактот дека сме надвор од политиката, а сме пасивни посматрачи на опасните текови кон кои се движи општеството, не нЎ ослободува од одговорноста, туку напротив - нЎ прави соучесници. А крајот на нашиот живот започнува тогаш кога ќе станеме неми за работи коишто се од суштинска важност, порачал мудриот Мартин Лутер Кинг.

 

(авторката е директор на Центарот за демократија и безбедност при Институтот Евро-Балкан и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје )