Април
Презентација на активностите за заштита на дивиот свет
Во текот на овој месец, во Скопје ќе се одржи презентација на проектот "Балкан-Нет", кој опфаќа мрежа на повеќе невладини организации од Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Србија и Црна Гора, кои работат на заштитата на дивиот фонд на Балканот. Проектот и мрежата се активни неколку години и остварија повеќе активности за заштита на кафејавата мечка, волкот и рисот на балканските простори, како и нивните хабитати, пред се шумските еко-системи.
|