Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Настани

   

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Отворена власт преку децентрализацијата

На 25-ти и 26-ти март годинава, во Скопје, беше одржана Националната конференција под наслов “Градење отворена власт преку децентрализација”, чија цел беше да го поттикне процесот на градење отворена власт во Македонија, преку пренесување на надлежностите од централната на локалната власт, како и да го поттикне дијалогот помеѓу власта и граѓанското општество во Македонија за тоа како да се изгради отворена власт преку зголемена информираност, консултации и јавно учество.
Конференцијата ја организираа Министерството за локална самоуправа и Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Финансиската поддршка ја обезбедија Светска банка, ФИООМ и Проектот за реформи во локалната самоуправа на УСАИД.
Во рамките на конференцијата се одржат три тркалезни маси на следните теми: “Законодавната рамка за граѓанското учество, пристапот до информациите и административните документи”; “Системи и методи за обезбедување на правата на граѓаните и граѓанското учество” и ”Како општествениот дијалог и транспарентноста можат да ја зајакнат продуктивноста и локалниот развој?”, како и неколку панел дискусии, на темите: “Гледиштата за граѓанско општество, општествениот дијалог и децентрализацијата”; “ИЦТ, транспарентност и локалната самоуправа” и “Децентрализацијата, општествен дијалог и транспарентност: Имплементација на локалната самоуправа во Македонија”, проследени со примери од практиката на нашата држава.
На конференцијата учествуваа повеќе експерти, универзитетски професори, претставници на државните органи на Република Македонија, на невладините организации, на Делегацијата на Европската комисија во нашата држава, Светската банка, УСАИД и други.
М.И.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA