ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НЕКОЛКУ МЛАДИНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА
Пролетен ден во Европа
Првиот пролетен ден, 21 март, во Скопје беше одбележен со манифестацијата “Пролетен ден во Европа”, организирана од неколку невладини организации: Младински Образовен Форум - МОФ, Балкан ИДЕА-Скопје, АЕГЕЕ-Скопје и Млади европски федералисти - ЈЕФ-МК под иницијатива и покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Настанот се одржа на Плоштадот “Македонија” и опфати изложба на цртежи, создавање ѕид со Европски идеи и графити, јавна дебата на тема “Младите и ЕУ” и концерт. На граѓаните им се обрати претседателот на државата, Трајковски, а на крајот беше проч!итан апел. Јавни дебати се организираа во 15 средни училишта во исто толку градови во Македонија, во соработка со Министерството за образование и наука, а темата беќе “Македонската младина до 2007 година ќе стане неопходен субјект на ЕУ”. М.И.
|