12-14 април
Стратешки семинар за животната средина
Македонската канцеларија на холандската организација "Милиеуконтакт Оост-Еуропа", организира Национален стратешки семинар за градење визија за еколошкото движење во Македонија за 2002-2003 година. На семинарот ќе се применува методата Отворен простор, а претставниците на невладините организации кои работат во областа на животната средина ќе треба да ги ианесат своите мислења и предлози во кои насоки треба да се движат напорите за заштита на животната средина. Се планира овој настан да прерасне во традиционален и да биде основа за коализирање и стратешко работење на невладините организации од областа на животната средина во Македонија.
|