Коментар
Коментар
Да ви ја претставам денешницата: „Денеска 24.000 луѓе ќе умрат од глад. Сиромаштијата и не­еднаквоста растат. Над 860 милиони луѓе низ светот се неписмени. 98% од нив живеат во земјите во развој. Една третина од жените се физички малтретирани, присилени на секс или злоуптребени на друг начин. 70% од луѓето кои живеат под линијата на сиромаштијата се жени. Учеството на жената во работната сила во периодот на транзиција е намалено. Стапката на вра­ботеност кај мажите (61.8%) е по-висока од таа кај жените (38.2%). Секоја 1,2 секунда едно дете се раѓа во сиромаштија, секои 3 секунди едно дете умира од некоја болест, секои 7 секунди едно дете умира од глад или ненахранетост.
Што работат граѓанските организации? Кои се нивните резултати?
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Фондовите на Европската Унија II
КАРДС и ЕИДХР
Во Раштак културното наследство не е само за прераскажување
Егзистенција на традиционален начин
а да дојдете во Раштак треба да поминете 11 километри на севе­роисток од Скопје и да минете низ четири села (Синѓелиќ, Стај­­ковци, Црешево и Булачани). От­како ќе освоите околу 700 метри над­морска височина од Скоп­ска Црна Гора на чии падини се наоѓа Раштак пред вашиот поглед ќе “пукне” целата скопска котлина. Раш­тан­ци се многу горди на своето место, дури и оние кои поради економски причини се “пограѓаниле”, пензионерските денови или барем викендите и слободните денови ги минуваат во идиличниот роден крај.
Одржливост на проекти II
Одржливост на проекти II
Постои ли меѓусебна доверба кај граѓанските организации
Бариерата во меѓусебната соработка се уште постои
Ферид Мухиќ, претседател на Проектот за заедничка визија ПЕВ Македонија
Мирот е реалност, а не можност на овие простори
Градење траен мир и надминување конфли­кти е суштината на вашето истра­жување како дел од Проектот за заед­ничка визија ПЕВ Маке­до­нија “Запис за Маке­донија”. Колку е реално можен мирот на ова тло, ко­га резултатите покажаа по­ла­ризирани ставови на гра­ѓаните, политичарите и прет­ставниците на меѓу­народ­ната заедница, кои, секој на свој начин, ги толкуваа резултатите. Па така, гра­ѓаните ги обвинија поли­ти­чарите за настаните во 2001 го­дина, странците сметаат дека сиромаш­ти­јата довела до влошување на меѓует­ничките односи, додека по­ли­тичарите објаснуваат де­ка се работи за наследени проблеми?
Фондација за развој Анадолија
Фокус на проекти за едукација и хуманитарна помош
Ебарт/Медија документација - Белград, Србија и Црна Гора
Поттикнување на квалитет и точност на објавените информации
погледи
Малите заедници во транзиција и граѓан­­­­­ските и/или невладините организации
Со појавата на новите граѓански субјекти во нашата општествена и културна реалност, на луѓето кои професионално се занимаваат со следење и проучување на општествените процеси, им се отворија нови истражувачки хоризонти. Во државите каде што граѓанското општество е традиционална вредност и функционира од многу поодамна, истражувачите востановија посебна истражувачка дисциплина, која, некои од нив, колку сериозно, исто толку и иронично, ја нарекуваат “НВО-логија” (НГО-логѕ), или дисциплина за истражување на невладините организации.
Асоцијација за социо-економски развој
Поддршка на одржливиот социјален и економски развој
Асоцијацијата за социо-економски развој (АСД) е граѓанска организација формирана во јули, 2002 година. Во неа членуваат економисти, социолози и други истражувачи, кои се фокусирани на различни теми од социјалниот и економскиот развој на земјава. Главна цел на организацијата е подршка на институциите, политиката и активностите за промоција на одржлив социјален и економски развој.