Ебарт/Медија документација - Белград, Србија и Црна Гора

Поттикнување на квалитет и точност на објавените информации

Ебарт/Медија документација (Бел­­­град, Србија и Црна Го­ра) е организација која поч­на да работи во 2000 година. Нејзината активност е архивирање на печатените медиуми во еле­к­­­тронска фор­­ма, медиумски анали­зи, како и еду­кација на новинари и уред­ници за по­тре­бите на оваа архива. Зачу­вана на едно место и лесно достапна, до­ку­мен­тацијата им овоз­­­­мо­жува на новинарите, медиумските ана­лити­чари, биб­ли­о­те­карите и оста­натите да ги засноваат своите текстови или проекти на факти и одредени податоци. Таа ја под­држува про­фесио­нали­за­ци­јата и модернизацијата на но­ви­нар­ството во Србија и во регионот во целост, пот­­тикнувајќи ана­литичко и истра­жувачко из­вес­­ту­вање и создавајќи услови за проу­­чувањето на медиумската сре­дина/опкружување.

Предностите на електронската архива

Овој вид електронска архива може да поттикне генерален ква­литет и точност на објавените информации, бидејќи сите податоци (за личности, институции, оп­штествени појави и моментал­ни настани) се лесно достапни. Ова особено се однесува на раз­мената на информации во Југоисточна Европа - во земјите каде се користат српскиот, хрватскиот, црногорскиот и босанскиот јазик. Во Словенија и во Македонија, исто така,  јазичните бариери не се големи. Ова значи дека глобалните и регионалните проблеми (како што се организираниот криминал, недозволената трговија со друга, оружје, цигари, луѓе и сл.) би можеле да се анализираат со пребару­вање на печатените архиви. Досега, Ебарт/Медија документацијата е единствената органи­зација која ус­пеа да го усоврши системот на електронско архивирање на медиумите.

База на податоци

Базата на податоци на медиумскиот материјал нуди голем број можности за соработка во регионот, вклу­чи­телно:

- можности за развој на компаративна анализа од општа природа, како и по поединечни жанрови, специфични идеи и теми во текот на подолг временски период;
- можност да се има увид во функционирањето на медиумските манипулации, тековни и минати;
- развој на мрежа на печатени медиуми (национал­на и регионална) како услов за подобра соработка и професионална изведба на новинарите и медиумите;
- воспоставување на “Балкан Леџис-Неџис”;
- блиска соработка на програми и проекти за реформи, вклучувајќи модернизација на јавната администрација;
- раз­вој на електронски архиви и пре­барување/преглед на национални и регионални ни­воа.

“Меѓу оста­на­тите, во из­минатите го­ди­ни работевме на про­ектите “Со­очување со ми­натото” и “Хашкиот три­бунал”. Пре­ку овие про­екти со обидовме да се справиме со една дели­кат­на работа - интере­сот и сли­ката за ми­­натото (и по­следиците од него) кои се дел од јавното мислење во Србија. Го набљудувавме и анализиравме интересот за блиското и далечното минато, како и за Хаш­киот трибунал преку медиумите и го средивме и класифициравме собраниот материјал во нашата база на податоци. Општата цел на проектите беше да се подигне свеста по даденото прашање кај јавноста, како и во професионалните круго­ви (новинарите, медиумските екс­перти, експертите по општествени нау­ки, активистите за човекови пра­ва...). Тек­сто­вите, заедно со квантитатив­ните анализи, собрани и сортирани по тема, дос­тап­ни се на на­шата веб-страница: њњњ.архив.цо.ѕу-посочуваат членовите на  Ебарт/Медија документација”.

Контакти:
office@arhiv.co.su
info@arhiv.co.su