Тетово
УЈИЕ - отворен Центар за човековите права
На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, по повод Меѓународниот ден на човековите права, е отворен Центар за човековите права, а наедно се промовирани и интердисциплинарни студии за човековите права. На свеченото отворање, раководителот на Центарот, Беса Арифи, изјави дека во Македонија има прекршување на човековите права во сите сфери од животот.
Во две основни училишта во Велес
Кампањата “Учиме за ЕУ” им ја приближува Унијата на учениците
Кампањата „Учиме за ЕУ”беше реализирана во двете основни училишта во Велес - „Свети Кирил и Методиј” и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот”. Целта ни е ЕУ да им ја приближиме на учениците, истакнаа организаторите Соња Стојадиновиќ од Секретаријатот за европски прашња и Константин Ристевски од Министерството за образование.
Во организација на Фондациите “Борјан Таневски” и “Конрад Аденауер”
Конференција посветена на интеграција на младите во ЕУ
Во присуство на 50 талентирани студенти од повеќе универзитети од Македонија од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, од Правниот факултет, од Универзитетот Њујорк, од Универзитетот ФОН и од Американскиот колеџ од Скопје, заедно со студенти од Грција, од Бугарија, од Косово, од Албанија и од САД, во Клубот на пратениците во Скопје, на 7 и 8 декември, во рамките на 4-тата Меѓународна студентска кон­фе­ренција, се дебатираше на темата „Улогата на балканската младина на патот кон интеграцијата во Европската Унија”.