Босна и Херцеговина
Улична акција во 30 градовиНад 100 волонтери и активисти на здружението ГРОЗД ќе ја реализираат новата улична акција во 30 градови и општини во БиХ за ревизорските наоди за кантоните во Федерацијата и одделните општини во Република Српска. На граѓаните ќе им бидат поделени над 10.000 брошури со комплетен ревизорски извештај за државните и ентитетските министерства и институции.
|  |
Србија
Кој ги информира граѓаните за работата на општинитеЗдружението на граѓаните Центар за модерни вештини од Србија го спроведе истражувањето во сите општини во земјата за постоењето на службите за информирање. Резултатите веќе на самиот почеток јасно зборуваат за состојбата во оваа област: 76 општини (46 отсто) имаат или служби или лица задолжени за информирање на граѓаните. Во 91 општина нема ниту служби ниту службеници со таква задача. |  |
Косово
Многу деца со посебни потреби остануваат незабележаниИако од почетокот на транзицијата во Косово децата со посебни потреби имаат подобра грижа и ставот кон нив и нивните семејства е изменет, многу од нив с$ уште продолжуваат да се “бришат” од општеството, изјавуваат од канцеларијата на УНИЦЕФ, за време на посетата на едно основно училиште. |  |
Хрватска
Поднесена тужба заради апстинентната програма за сексуална едукацијаЦентарот за репродуктивни права од Њујорк, меѓународната организација Интерајтс (Интеригхтс) и здружението Центар за едукација, советување и истражување – ЦЕСИ (ЦЕСИ) од Загреб, поднесоа тужба против Хрватска, Европскиот одбор за социјални права, поради обид за воведување дискриминаторски и научно неточно апстинирачка програма за сексуална едукација. |  |
|