Босна и Херцеговина

Улична акција во 30 градови

 
Над 100 волонтери и активисти на здружението ГРОЗД ќе ја реализираат новата улична акција во 30 градови и општини во БиХ за ревизорските наоди за кантоните во Федерацијата и одделните општини во Република Српска. На граѓаните ќе им бидат поделени над 10.000 брошури со комплетен ревизорски извештај за државните и ентитетските министерства и институции.

По оваа улична акција, ГРОЗД до обвинителството ќе покрене прашање за одговорност на парламентот, за одговорност и санкционирање за незаконско трошење на пари, на што упатуваат ревизорските наоди.

Г.Ш.

Извор: Онењрлд