ФОНДАЦИИ ВО ЕВРОПА
Прирачник од Фондацијата "Бертелсман"Во соработка со „Директориум на социјалните промени” и Фондацијата „Добротворна помош„, Фондацијата „Бертелсман” есенва ќе објави прирачник за филантропијата. Книгата е составена од четири главни секции, за улогата на фондациите во општеството, за прашањата на управување и организирање, за раководење со програмите и, на крајот, за законската рамка за управување со фондациите во земјите од европската економска област. Земјите кандидатки од Централна и од Источна Европа се исто така вклучени во книгата. Оваа книга ги содржи и секциите за општество и закони и тематските секции за управување, организација и раководење. Улогата на фондациите во општеството е оценувана преку идентификување на најкарактеристичниот придонес на една филантропска култура кон европската филантропија |  |
Најава на темата од Повикот за акција за меѓународен ден на акција за здравјето на жените во 2001
Жените се издигнаа над сидата
 Една од најзабележителните одлики на борбата со епидемијата на ХИВ денес е колку малку програми и политики се однесуваат на животните ситуации на жената. Секојдневниот живот на жената и комплексната мрежа од односи и структури кои го обликуваат се добро познати и добро документирани. И покрај тоа, нашите теории, агенди за истражување, политики и програми не се засноваат и овие искуства воопшто не влијаат врз нив |  |
|