Фондациски награди ја промовираат борбата против расизмот во Европа

Основана во 1990 година од страна на полскиот бизнисмен Џорџ Еванс, кој се населил во Антверпен, Белгија, неколку години по Втората светска војна и ја смета Белгија за „земја на гостопримството”, Фондацијата „Еванс” ги поддржува и ги развива проектите кои можат да имаат долгорочно влијание врз европската интеграција, особено во сферата на интеркултурното образование. Нејзината мисија може да се дефинира како „зголемување на почитта кон разликите во Европа”.

Еден од начините на кои Фондацијата ги охрабува високите постигнувања во оваа област е доделувањето на годишната награда „Еванс”. Во 1999 година првата награда од 30.000 евра и припадна на „Државните кутии”, координирана од бриселскиот Интеграциски центар „Фојер”. Целта на овој проект е да ги отслика сеќавањата и искуствата од миграцијата и бегалскиот статус. Втората и третата награда им припаднаа на проекти кои развиваат алатки  за антирасистичко образование. Книгата „Европа му се потсмева на расизмот” содржи стрипови кои се потсмеваат на каква и да било манифестација на расизам, ксенофобија и шовинизам.

(Alliance, 2000)

За дополнителни информации контактирајте со Christine Castille. Tel. ++ 323 231 3970
E-mail: fond.evens@skynet.be
Website: www.evensfoundation.be