НАСТАНИ
Ги „бојкотиравме” автомобилите
Акцијата „Ден без автомо­били” што на една убава есенска сабота во Скопје ја организира Мини­стер­ството за животна сре­дина и про­сторно плани­рање, во соработка со Собранието на град Скоп­је, Општина Центар, Вело­сипедскиот сојуз на Маке­до­нија и К-15 Продукција, беше навистина „полн погодок”.
ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Формиран Еколошки кризен центар
Движењето на екологистите на Македонија деновиве го промовира Еколошкиот кризен центар, формиран во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Со овој центар, ДЕМ се вклучува во акцијата за евидентирање, анализирање, информирање и решавање на потенцијалните еколошки проблеми и последици и штети кои врз животната средина и природното и културното наследство на нашата држава ги предизвикаа воените судири.