СОЖМ ги запоЧна активностите за локалните избори 2004
„Жените тоа го можат II“
Сојузот на организациите на жените на Републи­ка Македонија (СОЖМ), во соработка со Од­делението за унапредување на половата рамно­правност при Министерството за труд и социјална политика, со финансиска поддршка од ОБСЕ, започна со имплементација на проектот “Жените тоа го можат ИИ” - работа со жените од поли­тичките партии, локални избори 2004. Проектот кој ќе се спроведува до ноември годинава, треба да го поттикне зголемувањето на учеството на жените во одлучувачките позиции и инкор­порирањето на родовата еднаквост во работата на политичките партии во Република Македонија на локално ниво.
Нов проект на “Жена на 21 век”
Женски мултиетнички книжевен центар
Во организација на кумановскиот Женски центар “Жена на 21 век”, започна да се спроведува проектот “Женски мултиетнички книжевен центар”, поддржан од фондацијата Интеретник проект - Куманово (ИПК).