СОЖМ ги запоЧна активностите за локалните избори 2004
„Жените тоа го можат II“
Сојузот на организациите на жените на Република Македонија (СОЖМ), во соработка со Одделението за унапредување на половата рамноправност при Министерството за труд и социјална политика, со финансиска поддршка од ОБСЕ, започна со имплементација на проектот “Жените тоа го можат ИИ” - работа со жените од политичките партии, локални избори 2004. Проектот кој ќе се спроведува до ноември годинава, треба да го поттикне зголемувањето на учеството на жените во одлучувачките позиции и инкорпорирањето на родовата еднаквост во работата на политичките партии во Република Македонија на локално ниво.
Со таа цел, на 17 март годинава, се одржа средба со претставнички-лидерки на политичките партии кои го изразија својот интерес и желба за вклучување во проектот. Ќе бидат одржни серија семинари за едукација на жените од 10-те политички партии, насочени кон јакнење на организациската структура на женските групи во рамките на партиите. Семинарите ќе се изведуваат одделно за секоја политичка партија. Со проектот се предвидува и анализа на програмите на политичките партии, од аспект на застапеноста на прашањата за жената и рамноправноста помеѓу половите, како и родовата анализа на кандидатските листи за локалните избори 2004.
За подетални информации: Светлана Миленкова, СОЖМ, тел. 02/3134-390; 02/3220-570; факс 02/3126-185; 02/3238-184; созмЖмт.нет.мк; маилто:созмрцЖунет.цом.мксозмрцЖунет.цом.мк; њњњ.созм.орг.мк.
Д.М.
|