ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Европска година на едукација преку спорт
ИНТРАК
Курс за градење капацитети
„Интрак“ организира воведен курс за градење капацитети, што се фокусира повеќе на разбирање на процесот на градење и зајак­нување на капацитетот од перспектива на организа­ци­јата. Градење на капацитетот се случува на различни нивоа, на индивидуално ниво, на ниво на организацијата и пошироко во оп­кру­жувањето. Овој курс се концентрира на градење на капацитетот на организацијата и го нуди организацискиот пристап во работата на НВО.
ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Доцнат прописите за расна еднаквост
Европската комисија е длабоко загрижена што членките на ЕУ досега не ги донеле новите прописи за расна дискриминација. Многу земји го пропуштиле крајниот рок (19.07.2003) за промена на легислативата. Говорејќи на конференцијата „Борба против расната дискриминација: од теорија до пракса“ на 21 јули во Милано, Ана Ди­амантополу, комисионер за вра­ботување и социјални работи, им даде јасна порака на владите на ЕУ за потребата од воведување на новите прописи во нацио­налните зако­нодавства. Таа изјави: „Јас сум разо­чарана бидејќи повеќето земји членки на ЕУ не успеале да ја интегрираат Директивата за расна еднаквост во нивните национални законодавства. Да не забо­равиме дека оваа директива, пред три години, беше едногласно прифатена од страна на Советот“.
МЕРКАТОР
Мрежа на повеќе јазични училишта
Во организација на ЦИЕМЕН – Европскиот центар за етнички малцинства и нации, формиран е веб-порталот „Меркатор“, под­држан од Европската ко­мисија. Целта на „Меркатор“ е да се промовира правото на еднаквост на јазиците на малцинските групи и нациите. Во рамките на оваа иницијатива, се формира мрежа на билингвални или три­лингвални основни училишта низ Европа.