ЕВРОПСКА КОМИСИЈА

Доцнат прописите за расна еднаквост

 
Европската комисија е длабоко загрижена што членките на ЕУ досега не ги донеле новите прописи за расна дискриминација. Многу земји го пропуштиле крајниот рок (19.07.2003) за промена на легислативата. Говорејќи на конференцијата „Борба против расната дискриминација: од теорија до пракса“ на 21 јули во Милано, Ана Ди­амантополу, комисионер за вра­ботување и социјални работи, им даде јасна порака на владите на ЕУ за потребата од воведување на новите прописи во нацио­налните зако­нодавства. Таа изјави: „Јас сум разо­чарана бидејќи повеќето земји членки на ЕУ не успеале да ја интегрираат Директивата за расна еднаквост во нивните национални законодавства. Да не забо­равиме дека оваа директива, пред три години, беше едногласно прифатена од страна на Советот“.

Директивата за расна еднаквост, усвоена од владите на ЕУ во 2001 година, забранува дискриминација врз база на расно или етничко потекло, опфаќајќи пристап до работа, услови на работа, износ на плати и други права и бенефиции пов­рзани со работното место; пристап до образование и обука, бенефиции во социјалното и здрав­ственото осигурување и пристап до добрата и услугите од јавен карактер. Владите, исто така, мораат да формираат тело кое ќе обезбеди практична и независна поддршка за жртвите на расна дис­кри­минација. Земјите кандидатки за ЕУ, исто така, мора да ги внесат одредбите од Дирек­тивата во нивните законодавства пред да станат членки на ЕУ.

Со цел да се подигне свеста за правата и обврските според новата директива и да се промовираат предностите кои произлегуваат од расните разлики, Комисијата неодамна лансира петгодишна кампања за подиг­нување на свеста. Оваа кампања ќе се одвива во сите земји членки на ЕУ под слоганот „За раз­личност против дискриминација“. 

Г.Ш.