ИНИЦИЈАТИВА НА НЕКОЛКУ ИЗДАВАЧКИ КУЌИ
Секој си има книга дома
Веб-страницата www.kniga.com.mk, под мотото „Се­кој си има книга до­ма“, е убав (и прв) обид за по­пу­ларизација, про­­­моција и по­добар пристап до информациите за книгата и издавачката активност во Македонија по електронски пат.
ЕВРОБАЛКАН
Мултукултурализмот како теорија, политика и практика
Институтот ЕВРО­БАЛ­­КАН ја из­даде книгата “Мулти­­кул­ту­ра­лиз­мот како тео­рија, по­ли­тика и пра­к­тика” од авторот д-р Петар Атанасов, со под­др­шка на Амба­садата на Швај­ца­рија во Ре­пуб­лика Македонија.
Мултимедијален портал за НВО во ЈИ Европа
“One world” (www.oneworld.net) го лансира новиот мултимедијален портал за НВО и медиумите од регионот на Југоисточна Европа (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Хрватска и Албанија): www.oneworld.net/cee. Порталот нуди информации за невладиниот сектор во овие држави, на нивните локални јазици, кои ги обезбедуваат локалните НВО и радиостаници. Порталот претставува и форум кој нуди можности за вмрежување и соработка на НВО.
ИНТЕРНЕТ ФОРУМ
Помирување за иднината
www.reconcilingforthefuture.org  прет­ставува интернет-форум на исто­имената, долгорочна иницијатива на Центарот за демократија и поми­рување во Југоисточна Европа, во рамките на Пактот за ста­билност, чија цел е зајакнување на демократијата во Западен Балкан (држа­вите на пора­нешна Југославија, без Словенија, плус Албанија). На овој форум можете да се регистрирате со сопствена лозинка и да учествувате во дискусиите, виртуелно да ги следите работилниците организирани од оваа иницијатива, интересните написи, како и електронскиот неделен весник.
МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ
Права на студентите
Младинскиот образовен форум - МОФ, во рамките на својот проект „Обра­зование за демократско општество“, ја издаде брошурата „Права на сту­дентите“. Во бро­шурата се прикажани правата од областа на обра­зо­ва­ни­ето, гарантирани со Уста­вот на Репу­блика Македонија, условите гаран­тирани од новиот Закон за високо образование, Правилникот за студирање донесен врз основа на овој Закон, како и можностите да се студира преку новиот систем предвиден со Законот - Кредит трансфер систем (КТС).
ЗДРУЖЕНИЕ НА ЗАНАЕТЧИИТЕ НА СКОПЈЕ
Занаетчија
Здружението на за­наетчиите на град Скопје го издава сво­јот весник „За­на­ет­чија“, во кој инфор­мира за активностите на Здружението и за проблемите со кои се сретнуваат „есна­фџи­­ите“, како: но­вите законски рамки од интерес на оваа група, за ново­фор­мираниот Информатички центар во Здру­жението, проблемот на дивото работење и тргување, за неодамна одржаниот Саем на занаетчии во Кобленц, Германија, на кој учествуваа и занаетчии од Македонија и друго.
НИК ЛИСТ
Стара чаршија
НИК „Лист“ издаде книга под наслов „Ста­ра чаршија“, како дел од материјалите под­готвени за неодамна одржаната рабо­тил­ница за ревитализација на скопската чаршија. Во книгата, покрај ос­та­натото, се прет­ста­вени нормативните ас­пекти за заштита на чаршијата, резултати од анкетата на занаетчиите кои таботат таму и друго.
ЕДНА ЛИЧНА ИНИЦИЈАТИВА
Прирачник за болните
Прирачникот за болните, „Болка во крстот“, на д-р Ериета Николиќ Димитрова го претставуваме, бидејќи претставува еден од мошне ретките примери на лична иницијатива на про­фесио­налните лица да дадат свој конретен придонес, наменет за граѓаните, уште повеќе кога тоа е создадено со речиси исклучиво сопствени средства и вон професионалните обврски.