ИНИЦИЈАТИВА НА НЕКОЛКУ ИЗДАВАЧКИ КУЌИ

Секој си има книга дома

Веб-страницата www.kniga.com.mk, под мотото „Се­кој си има книга до­ма“, е убав (и прв) обид за по­пу­ларизација, про­­­моција и по­добар пристап до информациите за книгата и издавачката активност во Македонија по електронски пат.

Веб-страницата ја изготвуваат неколку издавачки куќи од Скопје, а на неа можат  да се најдат повеќе наслови, да се пребарува по теми и области, а има и посебен линк во кој се нудат најнови вести од оваа сфера.