ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА И ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Македонскиот центар за меѓународна соработка на 27 јуни годинава, на свечен начин ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн”. Добитници на Наградата за граѓанско општество и демократија се: Град Скопје (за јавност и соработка), Фондацијата Институт отворено општество Македонија (за долгогодишен придонес) и Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина” од Гостивар (за постигнувања во претходната година). Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн” ја добија „Полио плус – постполио група за поддршка” и Комуна АД Скопје, и двете за постигнувања во претходната година.
ОХО ВО КОАЛИЦИЈА СО 50 НВО
Изборен фер-плеј
Здружението ОХО оформи коалиција од над 50 НВО од Македонија, координирани од седум регионални центри, за спроведување на проектот „Изборен фер-плеј”, чија цел е информирање, едуцирање и мотивирање на гласачите за учество во парламентарните избори што ќе се одржат годинава.
ФОНДАЦИЈА КИНГ БОДУЕН И ФИООМ
ФОНДАЦИЈА КИНГ БОДУЕН И ФИООМ
Програмата Живо наследство – Развој на заедниците во Југоисточна Европа преку културните ресурси, финансирана од белгиската Фондација Кинг Бодуен, во Македонија стартува со втората фаза. Извршена е претселекција, а во текот на летово ќе се изврши и конечната селекција на проектите што ќе бидат поддржани во овој циклус.
СОЖМ Посета на организации од Бугарија и од Албанија
Сојузот на организациите на жените на Република Македонија беше домаќин на студиски престој на група жени од Бугарија и од Албанија, во рамките на проектот „Вмрежување за успех - зголемување на учетсвото на жените во одлучувањето и во имплементацијата на Балканот”. Проектот е финасиран од Европската иницијатива за демократија и човекови права од Брисел. Престојот беше реазлизиран од 5 до 9 јуни, оваа година.
МУЗИКОТЕРАПЕВТСКИ ПРОЕКТИ ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
„Убаво е кога сме заедно” беше мотото под кое се водеше проектот „Музикотерапија на деца со посебни потреби”. По него веднаш следува нов проект: „Музикотерапија – што е тоа?”. Овие два проекти се дел од активностите на Центарот за детско уметничко изразување, музикотерапија и психофизичка релаксација „Џунџуле”, што беа претставени во хотелот Панорама во Скопје, на 20 јуни, годинава