ЗАВРШЕН збор
Одржливост - еден добар мит
Даниел Кон-Бендит, роден на 4 април 1945 година во Монтобан, Франција, беше портпа­рол и лидер на Мајската револуција во Париз (1968), репер-настан на хипиерата во кој студентите се побунија против Виетнамската војна, владата на Де Гол и капиталистичкиот систем. По протерувањето од Франција, Кон-Бендит работеше во книжарницата Карл Маркс (1968-1973) а подоцна и како уред­ник и издавач. Од 1994 г. тој е домаќин на швајцарската телевизиската програма „Лите­ратурен клуб“ (Literaturklub). Кон-Бендит, сега жител на Германија, е член на Европ­скиот парламент и од 1999 ги заста­пува „Зелените“ во Брисел. Уредникот на Бил­тенот на РЕЦ, Павел Антонов, побара од него да направи споредба помеѓу кампањите од младинските движења во шеесеттите со европските пре­дивици на денешницата - одржливоста и проширувањето на ЕУ.