Предупредување
Висок праг на толеранција за семејното насилство
„Од околу 800 пријавени случаи на семејно насилство во Центрите за социјални работи низ Република Македонија, до судовите се поднесени само 80 барања за преземање мерки за заштита”, обвини Здружението за заштита од семејното насилство.
Повеќе граѓански организации, потпомогнати од МВР и од Министерството за труд и социјална политика, на 25 ноември, на плоштадот „Македонија” во Скопје, ја почнаа кампањата „Вратите на системот”, како дел од светската кампања, која ги повикува државите да издвојат доволно средства и да го санкционираат семејното насилство. Акција беше организирана во пресрет на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените – 26 ноември. „Само 20 проценти од вкупниот број пријави за семејно насилство завршиле со кривични пријави, што е премногу висок праг на толеранција на семејното насилство од државните институции”, посочи здружението „Акција здруженска”. Од сите пријави за семејно насилство, МВР поднело кривични пријави за само 20 случаи, а најголем дел од кривичните пријави што имале судска разврска завршиле со условна казна, посочуваат од здружението „Акција здруженска”, од кое додаваат дека институциите не ги презеле ниту привремените мерки за заштита на жртвите од семејно насилство, како што се забраната за доближување, отстранување од домот и запленување оружје.
МИА
|