УНЕСКО

Конвенција за нематеријалното културно наследство

УНЕСКО неодамна усвои Конвенција за заштита на нематеријалното (духовното) културно наследство. Тоа претставува комплетирање на легалните инструмети на оваа организација за заштита на светското наследство.

Како што стои во Конвенцијата, заштитата на нематеријалното наследство претставува генерален интерес за човештвото и ја нагласува немерливата вредност на овој вид наследство. Тој вид наследство може да придонесе за зближување на нациите и културите  и воопшто целото човештво и да обезбеди размена и разбирање меѓу луѓето во светот.

За да стапи во сила, Конвенцијата треба да биде потпиешана од најмалку 30 држави кои се членки на УНЕСКО.

М.И.