Конференција

Зајакнување на граѓанското општество во Македонија

Претставници на граѓанските организации и на Владата, на почетокот од декември, во Скопје, учествуваа на конференцијата „Учество на граѓаните и граѓанските организации во процесите на креирање политики и донесување одлуки” и се согласија дека има потреба за поголемо и посуштинско учество на јавноста и граѓанскиот сектор во процесите на креирање на политиките и донесување одлуки. На конференцијата е разговарано за најдобрите практики и принципи во врска со правото на информирање, консултирање и активно учество на граѓаните при процесот на креирање политики во Естонија, во Полска, во Хрватска и во Словачка. Конференцијата беше организирана во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество во Македонија, финансиран од УСАИД, а спроведуван од страна на конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници, во соработка со Европскиот центар за непрофитно право.            

МИА