Повик

Фонд за евроинтеграција (ЕИФ)

Европската агенција за реконструкција бара предлози за доделување грантови од ЕИФ во Србија; краен рок за пријавување е 10 септември. Општата цел на ЕИФ е да обезбеди полесно разбирање на ЕУ и процесот на евроинтеграција со цел да се доближи Србија до ЕУ.

Специфичната цел на програмата е да се зголеми јавното учество во дебатирањето и во подигањето на свеста за различните аспекти на евроинтеграцијата. Финасиската помош ја обезбедува програмата КАРДС. Целосен опис на проектот можете да најдете во Насоките за кандидати за грантот. Кандидатите треба да ги симнат насоките за аплицирање од www.ear.eu.int/projects/projects.htm  и/или од www.eifund.org. Ке бидат одржани три информативни сесии по повод овој повик за предлози и тоа во Белград, Ниш и Нови Сад. Датумите и местото на одржување на инфо-сесиите се објавени на 15 јуни 2007 година на www.ear.eu.int/projects/projects.htm.

 

Повик

“еПартиципатион”

“еПартиципатион” е подготвителна акција за промовирање на развојот и употребата на информациските и комуникациските технологии во законодавството и во процесите на донесување одлуки, во парламентите и владите, со цел да се зголеми учеството на граѓаните и да се оствари подобро законодавство.

Повикот за предлози ќе биде отворен од 13 јуни до 13 септември 2007 година. Информативниот ден ќе се одвива на 29 јуни во Брисел. информации на: www.europa.eu/information_societs/activities/egovernment_research/eparticipation/index_en.htm