ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА НА МАКЕДОНИЈА

Да не се повтори Холокаустот

На 19 април Еврејската заедница на Македонија им одаде почит на жртвите на најчудовишниот феномен на денешницата – Холокаустот, полагајќи цвеќе пред жртвите-Евреи во некогашното Еврејско маало во Скопје. Меѓународниот ден на Холокаустот во Скопје беше одбележан со поставување камен-темелник на идниот музеј на Холокаустот и со читање на молитвата - кадиш за 7.148 македонски Евреи кои на 11 март 1943 година беа депортирани во концентрациониот логор Треблинка. На овој настан присуствуваа повеќе Евреи од Македонија, како и гости од земјава и од странство, меѓу кои и амбасадорот на САД во нашата држава, Мајк Ајник.

М.И.