Совет на Европа
Организираниот криминал - закана за демократијата
Советот на Европа издаде извештај за состојбата со аферите околу организираниот криминал во Европа. Во извештајот се тврди дека економскиот/стопанскиот криминал станува главно прашање во многу земји од Централна и Источна Европа. Во него се истакнува дека измамата, корупцијата и останатите форми на стопански криминал претставуваат или главен вид криминал, или голем дел од организираниот криминал е забележан во земјите како Бугарија, Естонија, Молдавија, Србија и Црна Гора и Словачка. Други поголеми криминални закани кои се споменуваат се производството на недозволени дроги, трговијата со луѓе и криумчарење нелегални имигранти. Советот на Европа организира конференција по ова прашање која треба да се одржи во септември во Португалија. (РФЕ/РЛ)
Т.Х.
|