Конференција за зајакнување на демократското владеење
Улогата на граѓанското општество
Конференцијата за зајакнување на демократското владеење под наслов „Улогата на граѓанското општество” што ќе се одржи од 12 до 15 јуни, има за цел да поврзе околу 50 иноватори и практиканти од граѓанското општество од целиот свет со претставници на владите и со корпоративниот сектор.
Преку дискусии во мали работни групи, на конференцијата ќе се разгледуваат конкретни примери во коишто граѓанскиот сектор придонел за развој на демократското општество, како на пример со зголемување на транспарентноста на владите, а со тоа и нивната одговорност. На овој начин, конференцијата јавно ќе им ги прикаже најдобрите практики на лидерите од јавниот сектор и нивните колеги од граѓанското општество, со цел да ги натера владите да бидат иновативни и одговорни во поглед на потребите на своите граѓани. За повеќе информации, одете на: www.wiltonpark.org.uk/documents/cenferences/WPS06-10/pdfs/WPS06-10prog.pdf, или контактирајте со секретарот на програмата, Џо Чајлдс, на телефонот: +44 (0) 1903 817755, факс: + 44 (0) 1903 817162.
З.В.
|
|