7-9 март

Хуманитарно скијање

Во организација на Ски центарот „Заре Лаза­ревски“ и Скијачкиот сојуз на Маке­донија во Маврово ќе се одржи првата аматерска хумана велеслаломска трка. Претпријатијата, невла­дините организации, како и граѓаните, можат да оформат три­члени натпреварувачки групи, со коти­зација од 300 евра. Собраните средства ќе бидат доделени на Домот за децата без родители „11 Октомври“ од Скопје.