НЕКОИ ДЕЦА ПОСАКУВААТ ЖЕЛБИ, А НЕКОИ..
Божиќ во Ирак
Во ова време од годината, децата од целиот свет правата списоци со подароци кои посакуваат да ги добијат. Некои се надеваат на играчки, велосипед, видеоигри... Но, некои, пак, како оние во Ирак, кои живеат среде војна и насилство, ги заменуваат своите големи желби со грижи за иднината.
“Сакам да спијам без страв и да не ги слушам гласните хеликоптери како кружат во моето соседство”, вели Маро, деветгодишно девојче од Багдад. “Ја покривам главата со перницата, но с$ уште ги слушам.
Овие денови во Ирак се чини дека стравот ја победува надежта. Сепак, водачите на Советот на црквите од Средниот Исток (Миддле Еаст Цоунцил оф Цхурцес - МЕЕЦ), член на глобалната алијанса/сојуз Акција на црквите заедно (Ацтион оф Цхурцхес Тогетхер Интернатионал - АЦТ), ја одржуваат во живот надежта за една подобро иднина за некои луѓе во Ирак.
Во текот на декември, МЕЕЦ планира да подели 1.000 божиќни подароци со училиштен материјал и други предмети за децата, како и да донира дополнителна храна за болниците, домовите на старите лица и домовите на децата без родители.
Дванаесетгодишниот Калад вели: “Сакам да станам специјалист за компјутери, но како да го сторам тоа ако не можам да го завршам училиштето? Многупати часовите ни се прекинати и се плашам дека никогаш нема да го завршам училиштето. Се плашиме од бомбите и ракетите и звуците од автоматите кои од доѓаат од сите страни”. хттп://њњњ.ацт-интл.орг
Т.Х.
|
|