ЖЕНИ

ЖЕНИТЕ НА 21 ВЕК

Втората конференција на жени-лидерки од Југоисточна Европа, „Жените на 21 век”, под наслов „Улогата на жените во развојот на демократските процеси во Југоисточна Европа”, што беше најавена за овој месец, поради актуелната безбедносна состојба во државата, се одложува за октомври годинава.
Конференцијата требаше да се одржи во Охрид, под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Вилма Трајковска, во соработка со невладиниот сектор, со учествуво на  сопругите на претседателите на држави, на влади и на парламенти од неколку држави од регионот, како и стотина претставнички од женски невладини организации и жени-лидерки.