Косово
Обединети околу корупцијата
Во почетокот на минатиот месец, Антикорупциската коалиција на Косово дистрибуира антикорупциски постери во своите поголеми градови, како дел од кампањата што ја спроведува организацијата „CОХУ”, во соработка со други партнери, со цел да ги информира граѓаните за ризиците што ги носи со себе владејачката корупмирана политичка структура.
Мотото на постерот е „Обединете се околу корупцијата” и „Банана Република Косово”, чија цел е да укаже на спротивставените политички фрази и постоечката опасност во којашто се наоѓа Косово на патот кон квазимафијашкото владеење.
Постерот и кампањата се насочени кон фрлање светло на кршењето на законите, бесправното акумулирање богатство и самоволието на голем број политички лидери, кои придонесуваат кон воспоставување недемократска власт што во својата срж носи злоупотреба, а не развој на државата и добро владеење.
Постерот претставува и прв чекор на јавна акција на антикорупциската мрежа, воспоставена со цел да истрае во не толку популарната борба против корупцијата, но во борба што се смета за витална за иднината на одржлива демократија од западен тип.
|
|