Публикации

Споделување на власта

Публикацијата е истражувачки извештај, со примена на научна методологија, во кој се собрани најважните показатели за политиките и инструментите за заштита на правата на малцинствата. Извештајот е дел од програмата КАРДС и подготвен од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за мир и демократија Иан Колинс (ЦМД), а нуди одговори на неколку прашања: Како да се оствари полно и ефикасно учество на малцинствата во мултиетничките општини во Македонија? Кои мерки за консултација и кои структури треба да се упоребат за да ги поврзат личностите кои припаѓаат на националните малцинства со одлуките коишто ги заегаат? и др. Публикацијата е финансиски подржана од МЦМС.


Студија за состојбите во руралните заедници

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) повеќе години е активен во развојот на локалните заедници и капацитети како во граѓанскиот сектор, така и во локалната самоуправа. Студијата за состојбите во руралните фокус заедници е една од првите вакви активности спроведени во рамките на програмата Локален развој на заедниците и претставува почетно истражување за потребите на програмата и самите локални заедници. Публикацијата е достапна на македонски и албански јазик во печатена верзија, а на англиски јазик во електронска форма.