Трибина во Дебар
“Потрошувачите низ правните лавиринти” во Дебар
Организацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со локалната самоуправа во Дебар, во просториите на Центарот за поддршка на невладините организации, одржа трибина на темата „Потрошувачите низ правните лавиринти”. Во врска со Законот за потрошувачите и нивните права, објаснувања дадоа Татјана Тасевска и Епаминонда Главинац.
На трибината учествуваа претставници на локалната власт, на граѓанските организации и други заинтересирани. На темата, посебно за состојбите во општината, се осврна дебарскиот градоначалник Аргетим Фида.
Со процесот на децентрализација многу надлежности преминуваат на локално ниво. Беше нагласена потребата од формирање совет на потрошувачите, во кој, покрај советници од општинскиот совет, треба да учествуваат претставници на граѓанскиот сектор и на јавниот сектор, од бизнис-секторот и од други професионални асоцијации.
Посебен интерес кај присутните сепак побудија презентираните практични примери со кои беа претставени најчестите проблеми со кои се сочуваат потрошувачите, како и можностите и начините за нивно решавање.
МИА
|
|