Акција на Меѓаши за бришење графити

“Да го симнеме насилството од ѕидовите”

Првата детска амбасада во светот Меѓа­ши, организираше акција за бришење гра­фи­ти “Да го симнеме насилството од ѕидовите” на локациите под мостот кај хоте­лот Александар палас и пред гимназијата “Никола Карев” во Скопје. Акцијата ја спро­ведоа 30 ученици од средни учи­лиш­та од Тетово, од Куманово и од Скопје кои на местата на графитите со насилна со­др­жи­на испишаа нови мировни пораки со апели за мир, толеранција и разбирање меѓу луѓето. Акцијата беше организирана по повод интернационалниот Ден про­тив фашизмот и антисемитизмот, со цел во јавноста да се промовираат вредностите како траен мир, солидарност, ненасилство и почитување на правата на сите луѓе кои живеат во Македонија. “Со промовирање позитивни пораки, се надеваме дека ќе влијаеме на јавното мнение за потребата од унапредување на меѓу­ет­нич­ки­те односи и воопшто борба против се­ка­ков вид омраза и насилство”, велат во Меѓаши. Акцијата “Да го симнеме насилството од ѕидовите” претставува дел од проектот “Другарување преку меѓу­ет­нич­ка соработка во 5 мултиетнички клуба во средни училишта во Скопје, во Тето­во и во Куманово”. Проектот е финансиран од Европската Унија преку Делегацијата на Европската комисија во Скопје во рамките на програмата “Европска иницијатива за демократија и човекови права”, под­држан од ОБСЕ, од Совет на Европа и од Министерството за образование, Управа за унапредување на јазиците на припадниците на малцинствата.    

 С.Н.