Тетово
Информативен центар за лица со посебни потреби
Во Тетово работи Информативниот центар за лицата со посебни потреби, со цел да им помогне на овие граѓани со навремени и точни информации полесно да ги остварат своите права предвидени со важечките закони на Република Македонија, но и да им посочи на кои надлежни институции ќе можат да се обратат за своите проблеми. Информациите се добиваат бесплатно.
Информативниот центар се наоѓа во зградата на Советот на општина Тетово, тел. 044/330-242. Предвидени се и домашни посети за тешко подвижните лица. Носител на проектот е Здружението на родителите на децата заболени од церебрална парализа од Тетово, заедно со партнерската организација „Златна рака” од истиот град. Проектот е финансиски поддржан од програмата „Схарее-сее”. З.А.
|