Ебарт/Медија документација - Белград, Србија и Црна Гора
Поттикнување на квалитет и точност на објавените информации
Ебарт/Медија документација (Белград, Србија и Црна Гора) е организација која почна да работи во 2000 година. Нејзината активност е архивирање на печатените медиуми во електронска форма, медиумски анализи, како и едукација на новинари и уредници за потребите на оваа архива. Зачувана на едно место и лесно достапна, документацијата им овозможува на новинарите, медиумските аналитичари, библиотекарите и останатите да ги засноваат своите текстови или проекти на факти и одредени податоци. Таа ја поддржува професионализацијата и модернизацијата на новинарството во Србија и во регионот во целост, поттикнувајќи аналитичко и истражувачко известување и создавајќи услови за проучувањето на медиумската средина/опкружување.
Предностите на електронската архива
Овој вид електронска архива може да поттикне генерален квалитет и точност на објавените информации, бидејќи сите податоци (за личности, институции, општествени појави и моментални настани) се лесно достапни. Ова особено се однесува на размената на информации во Југоисточна Европа - во земјите каде се користат српскиот, хрватскиот, црногорскиот и босанскиот јазик. Во Словенија и во Македонија, исто така, јазичните бариери не се големи. Ова значи дека глобалните и регионалните проблеми (како што се организираниот криминал, недозволената трговија со друга, оружје, цигари, луѓе и сл.) би можеле да се анализираат со пребарување на печатените архиви. Досега, Ебарт/Медија документацијата е единствената организација која успеа да го усоврши системот на електронско архивирање на медиумите.
База на податоци
Базата на податоци на медиумскиот материјал нуди голем број можности за соработка во регионот, вклучително:
- можности за развој на компаративна анализа од општа природа, како и по поединечни жанрови, специфични идеи и теми во текот на подолг временски период; - можност да се има увид во функционирањето на медиумските манипулации, тековни и минати; - развој на мрежа на печатени медиуми (национална и регионална) како услов за подобра соработка и професионална изведба на новинарите и медиумите; - воспоставување на “Балкан Леџис-Неџис”; - блиска соработка на програми и проекти за реформи, вклучувајќи модернизација на јавната администрација; - развој на електронски архиви и пребарување/преглед на национални и регионални нивоа.
“Меѓу останатите, во изминатите години работевме на проектите “Соочување со минатото” и “Хашкиот трибунал”. Преку овие проекти со обидовме да се справиме со една деликатна работа - интересот и сликата за минатото (и последиците од него) кои се дел од јавното мислење во Србија. Го набљудувавме и анализиравме интересот за блиското и далечното минато, како и за Хашкиот трибунал преку медиумите и го средивме и класифициравме собраниот материјал во нашата база на податоци. Општата цел на проектите беше да се подигне свеста по даденото прашање кај јавноста, како и во професионалните кругови (новинарите, медиумските експерти, експертите по општествени науки, активистите за човекови права...). Текстовите, заедно со квантитативните анализи, собрани и сортирани по тема, достапни се на нашата веб-страница: њњњ.архив.цо.ѕу-посочуваат членовите на Ебарт/Медија документација”.
Контакти: office@arhiv.co.su info@arhiv.co.su
|