Мировна акција, Прилеп и Мултикултура, Тетово
Тренинг за ненасилна разработка на конфликти
Во организација на Мировна акција од Прилеп и Мултикултура од Тетово, во соработка со Акција против насилство и изградба на мир, Гњилане, Косово, и Центарот за ненасилна акција од Сараево, Б и Х, од 24 до 30 април во Охрид се одржа тренинг за ненасилна разработка на конфликти за млади активисти и поединци од Македонија. Учествуваа млади поединци и активисти на граѓански организации за работа на полето на изградба на мирот, ненасилството и ненасилното разрешување конфликти. Беа развивани вештини, способности и знаења неопходни за подобро разбирање и препознавање на насилството во општеството и принципите на ненасилство, за активно вклучување во општествените случувања, за идна работа на полето на изградба на мирот.
За дополнителни информации: Горан Талески - 070/308-251 или Агрон Бафтијари - 070/630180
Д. М.
|