СЕУЛ

Антикорупциска конференција

Владата на Јужна Кореа од 25 до 31 мај ќе биде домаќин на 11 Меѓународна анти­корупциска конференција (ИАЦЦ) и Третиот глобален форум за борба против корупцијата и заштита на интегритетот, што ќе ги орга­низира Министерството за правда на Кореа.

Глобалниот форум ќе ги собере на едно место владините претставници од целиот свет за да ги споделат искуствата, да ги унапредат разбирањата за ефективните практики и да истражуваат нови и подобри начини за сузбивање на корупцијата. Третиот глобален форум ќе ги земе предвид претходните два форуми, но исто така ќе извлече и практични решенија за борба со проблемите што беа идентификувани со корупција, на тој начин давајќи и’ живот на темата „Тековни пре­дизвици, споделени одговорности“.

„Вистинските демократии се стаклени гра­дини, отворени за јавно испитување, транс­парентни и доверливи, затоа демократските влади имаат потреба граѓаните да уче­­ству­ваат во националните и во меѓу­народните невла­дини организации за да спроведуваат соодветно набљудување на извршувањето на владините работи. Борбата против коруп­цијата бара соработка на сите групи посветени на етичко практикување на власта“, изјави Винсенте Фокс Квесада, претседател на Мексико, на 10. меѓу­народна антикорупциска конференција во Прага 2001 година.

Г.Ш.