Четврти „денови на граЃанските здруЖенија во Хрватска“

Учество на повеќе македонски организации и државни органи

 

„Рака под рака“ беше мотото на четвртите по ред Денови на граѓанските здруженија во Хрватска (Дани удруга 2003), кои се одржаа од 13 до 15 февруари годинава во Загреб. Гости на овогодишната манифестација беа претставници на граѓански здруженија од Словенија, од Унгарија и од Македонија. Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка на Де­новите на граѓанските здру­же­нија учество зедоа прет­ставнци од ПДАС „Ме­­ѓаши“, Здру­же­нието на единиците на ло­ка­л­ната самоуправа, Фондацијата Инсти­тут отворено оп­штес­тво - Маке­донија, Като­личките служби за помош (ЦРС), Институтот за трај­ни заедници, Минис­тер­ството за правда, Управата за јавни при­ходи и МЦМС.  Тридневната мани­фес­та­ција во Конгресната сала на загреб­скиот велесаем, ја посетија околу 2.000 лица.

 

Поддршка од Владата

За разлика од кај нас, оваа манифестација се одржа под покровителство на Одделот за гра­ѓански здруженија при Владата на Репуб­лика Хрватска, основан во 1998 година со иницијатива на Владата. Бидејќи државните органи не можат да се прошират до сите пори на општествениот сектор, тие дошле до заклучок дека невла­дините организации можат да бидат нивни партнер во убла­жувањето или во решавањето на про­блемите во државата.

На овааа манифестација учествуваа 217 организации од Хрватска, чии проекти или програми биле финансиски поддржани од страна на Одделот за гра­ѓански здруженија во те­кот на 2002 година.  Ина­ку, во Хрватска се регис­трирани 22.150 здру­­­же­нија на граѓани, но само околу 2000 се ак­тивни. На мани­фес­та­ци­јата, ос­вен изложбениот и еду­кативниот дел, беше од­делен простор и за фо­румските настани каде што се дискутираа теми значајни не само за  не­вла­диниот сектор, туку и за целото општетсво во Хрватска. Би ги  издвоиле темите „Изработка на стратегија за развој на граѓанското општество во Хрватска“, „Вовед во европските инте­грации“, како и темите од проектите на ЦАРДС (ЦАРДС). На темите „Орга­ни­зирањето на цивилното друштво во процесот на придружување на ЕУ“ и „Обли­ци на соработка на владата и невладиниот сектор – искуствата на Словенија, Унгарија, Маке­донија и Хрватска“, учество зеде и Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС.

Соработка за успех

Марија Болтек, советничка за програмски активности и информации во Одделот за гра­ѓански здруженија, ни изјави дека годинава, како и минатата, од буџетот на Република Хрватска се издвоени 2,5 милиони евра за поддршка на НВО. Програмите или проектите кои се финансираат се од полето на чове­ковите права, социјалната политика, убла­жувањето на сиромаштијата, поддршката на децата и младите, демократизација и развој на цивилното општество, здравството, заш­титата на животната средина и на култур­ното богатство.

„Одделот за граѓански здруженија рапишува конкурс за програми и проекти. Здру­женијата на граѓани  ги доставуваат нивните програми или проекти до над­лежните министерства. За сите под­рачја има посебни одбори коишто ги доста­вуваат предлозите до Советот за развој на цивилното општество, а потоа до Владата која ги верификува резултатите. Одделот за граѓански здруженија во текот на годината врши евалуација и набљу­дување“, ни рече Марија Болтек.

Инаку, сега се работи на транс­формација на Одделот во Нацио­нална фондација за развој на граѓанското општество, а во сора­ботка со ИНЦЛ се подготвува закон за фондации.

На крајот на манифестацијата беа до­делени признанија на прет­став­ниците на медиумите за доследно следење и инфор­мирање на јав­носта за работата на орга­низациите од цивилното општетсво во Хрват­ска.

Се надеваме дека ваквата улога на државата за развој на цивилното општетсво и начинот на финансирање ќе се примени и кај нас, поаѓајќи од фактот дека невладините орга­низации во Македонија во голема мера зависат од странските донатори, а локалните невладини организации можат да бидат од голема корист на државата во решавањето на многу проблеми кои се појавуваат во нашето општество.

„Рака под рака“, ќе бидеме посилни и единствени.