Босна и Херцеговина

Нови медиумски иницијативи


“Медиумски иницијативи” од Сараево, Институтот СТИНЕ од Сплит и новинарската школа од Нови Сад, во рамките на модулот “Од конфликт до доверба”, организираа промоција на конзорциумот “Нови медиумски иницијативи”.

“Новите медиумски иницијативи” е регионален конзорциум на трите невладини медиумски организации од Босна и Херцеговина, од Хрватска и од Србија и Црна Гора, кои со својата за­едничка информативна, образовна и аналитичко-истражна активност долгорочно ќе работат преку медиумите во др­жа­вите во транзиција и постконфликтните општества да ги промовираат вредностите на граѓанското општество. Ќе работат на поттикнување на развојот на демократските односи и институции, културата на мирот и толеранцијата, на афирмирање на мултикултурноста и добрососедските односи, како и на усогласување на социјалниот и економскиот развој на патот кон европските интеграции. Медимските партнери и активисти на трите невладини организации ќе го здружат своето искуство, знаење и вештина на патот кон новите иницијативи, за поголема улога на медиумите во транзицијата и постконфликтните општества.

 Г.Ш.