Александар Трпески

Ги применувам 10-те божји заповеди

Професионално искуство:

Единаесет годишно работно искуство, од кои 6 години како машински инженер. По дипломирањето, од 2001 до 2005 г. вработен во „АГП Застава БЕ-ПО” - Охрид, како самостоен технолог конструктор. Од 2006 година, сум претседател на Организацијата за квалитет на Македонија.

Ангажирање во граѓанскиот сектор:

Учество во организациската структура на студентите во Студентскиот дом „Гоце Делчев”. Од 1997 до 1998 г. претседател за културно-забавниот живот при Советот на станарите на Студентскиот дом. Член на Организацијата на потрошувачите на Охрид и на Литературното друштво „Живко Чинго”.

Хоби и интереси:

Усовршување на знаењата од областа на квалитетот во сите системи на управување (Интегратед Менагемент Сѕстемс), осознавање на човечката душа, запознавајќи се со христијанската филозофија, пишување поезија и проза, спорт, музика, планинарење и др.

Најтешка одлука:

Да почнам во секојдневниот живот да ги применувам 10-те божји заповеди, колку што можам подоследно.

Амбиции:

Давање придонес во унапредувањето на културата за квалитетот преку промовирање на улогата и важноста на квалитетот, поттикнувањето на образованието за квалитет.

Во слободното време чита:

е-Љуалитѕ, списание од областа на квалитетот и друга литература од областа на ТКМ (ТЉМ) - тотално управување со квалитетот, дневно-информативни весници, хумор, поезија, проза, Светото писмо. 

Каде оди во слободното време:

Уживам во набљудувањето на езерската шир на Охридското Езеро, пешачејќи, возејќи велосипед или пиејќи кафе во добро друштво. Играм преферанс (кралицата на игрите со карти), табла, билјард. На лето Охрид е богат со културни манифестации и концерти, така што редовно посетувам голем дел од нив.

За време на викендите:

Сакам што подобро да ја запознам Македонија, па кога сум во можност, посетувам различни локации низ цела Македонија (Преспанското Езеро, Мавровското Езеро, Куклица во близина на Кратово, Стоби, Националниот парк Галичица и др).

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто:

Во Република Македонија очигледна е потребата од подобрување на квалитетот на: производите, услугите, условите за работа и зголемување на безбедноста на човечкото здравје, заштита на животната средина  итн., заради зголемување на конкурентноста на македонските фирми и подобрување на животниот стандард. За таа цел треба да се поттикнуваат македонските фирми да вработуваат и доедуцираат менаџери за квалитет кои ќе ги применуваат туѓите искуствата за ТКМ - тотално управување со квалитетот, во домашни услови.

Што би променил во Македонија и во светот:

Од досегашното животно искуство, знам дека никого не можеш да промениш, туку само можеш да му помогаш самиот тој/таа да се промени. Ова важи и за учењето, никого не можеш да научиш, туку можеш само да му помагаш самиот тој/таа да научи.

Затоа се трудам колку што сум во можност да бидам толерантен, трпелив, милослив, хуман итн., да правам добри дела за да можам да очекувам и другите околу мене да го прават истото.

Совет/порака:

Да се прави разлика помеѓу терминот ‘квалитет’ и терминот ‘стандард’. Подобрување на квалитетот на производите и услугите може да се постигне преку различни стандарди. Притоа, подобрување на квалитетот на производите и услугите е возможно само со континуирано подобрување на квалитетот.

Никогаш не би можел:

Никогаш не би можел да не сакам.