Институтот Исток-Запад гради мостови додека идната граница на ЕУ се заканува да го прошири јазот 2

Во трка со времето

Софискиот Економски форум кој се одржа во февруари 2002 година, имаше за цел преземање понатамошен чекор во процесот на интензивирање на економската соработка во прекуграничниот регион. Преку трговскиот саем “Бизнис-контакт”, Форумот обезбеди простор за средба и вмре­жување бизнис-заедниците од секоја страна на границите, како и за размена на стручност и истражување на можностите за заедничко вложување. Можностите и пречките на прекуграничната соработка беа понатаму истражувани од локални експерти во две истражувачки студии на полето на економијата и високото образование. Врз база на нивните убедувања и други извори, Институтот Ис­ток - Запад ИИЗ даде клучен придонес во подготовката на Заедничкиот програмски документ на Европската комисија за Бугарија и за Србија и Црна Гора во 2004 година. Документот ќе претставува водич во процесот на имплементација на новата програма за соседството, креирана од страна на ЕУ за поттикнување на прекуграничната соработка долж надворешните граници на проширената унија во 2007 година.

Политичката анализа и препораките до Европската комисија сочинуваат еден елемент од низата активносто во кои ИИЗ беше вклучен на меѓународно ни­во. Преку неговиот ангажман во Управ­ниот комитет на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, ИИЗ ги зголеми можностите за финансирање предлог-проекти коишто ги изготвуваа работните групи, ја зголеми меѓународната препознатливост на прекуграничните региони и успешно лобираше за признавање на Триаголникот Ниш-Софија-Скопје како еден од приоритетните прекугранични региони во Југоисточна Европа. Понатаму, Институтот стана член на меѓувладиниот Комитет за заедничка соработка на Србија и на Бугарија, заста­пувајќи ги прекуграничните иницијативи.

Со цел да се приближи еврорегионалната идеја до луѓето од целиот регион и да се промовира прекуграничната размена, ИИЗ изготви веб-страница за Триаголникот Ниш-Софија-Скопје на четири јазици - српски, бугарски, македонски и англиски.

Таа нуди информации за културните настани во Евро­реги­онот и ги поканува сите да бидат дел од културата без грани­ци.

Цврстите мрежи на локалните власти и институции, доволниот број граѓански и бизнис-врски и меѓународната препознатливост се клучните резултати по првата фаза на проектот на ИИЗ во Триаголникот Ниш-Софија-Скопје. По Евро­регионот  ЕВРОБАЛКАН, Ин­сти­тутот ќе продолжи да ги зацврстува своите меѓународни капацитети, да ги обучува локалните актери и да го зголеми бројот на мостовите коишто ги поврзуваат Србија, Бугарија и Маке­донија.  Градењето с$ поблиска врска меѓу таканаречените Исто­чен и Западен Балкан е традицијата која ја практикува Ин­сти­тутот Исток-Запад.