СОВЕТ НА ЕВРОПА

Извештаи за расизмот

Експерсткото тело на Европската комисија за борба против расизмот и нетолерантноста, ЕЦРИ (Еуропеан Цоммиссион агаинст рацисм анд интолеранце), изготви из­вештаи кои ја истражуваат состојбата на расизмот, нетолерантноста, антисемитизмот и ксенофобијата во Белгија, Бугарија, Норвешка, Словачка и Швајцарија. Извештаите можат да се погледаат на веб-страницата www.coe.int.

Во извештајот за Бугарија се нагласува дискриминацијата на Ромите, бегалците и азилантите, во словачкиот извештај се споменуваат зачестените случаи на насилство мотивирано од расизмот, како и големата дискриминација на ромското население.

Овие извештаи се дел од третиот циклус на мониторингот на законите на државите што го спроведува Европската комисија.

М.И.