„ДЦАФ“ и „ИИСС“

Конференција на младите лица

Втората Конференција на младите лица (Young Faces Conference) што ја организираат Центарот за демократска контрола на вооружените сили - “DCAF” од Женева и Меѓународниот институт за стратешки студии - “IISS”, ќе се одржи од 2 до 4 октомври 2003 година, во Женева.

На оваа конференција се поканети повеќе новинари, младински активисти од здруженијата на граѓани и владини претставници од балканските држави. Тие ќе се сретнат и ќе разменат мислења и искуства меѓусебно и со меѓународни експерти, за прашања поврзани со регионалната и глобалната безбедност.

Повеќе информации во врска со оваа конференција, како и резултатите по нејзиното одржување, ќе можат да се пронајдат на веб-страниците на организаторите: www.dcaf.ch и www.iiss.org.

М.И.