Европска комисија

Првите индикации за Насоките на идната политика

Во Европскиот парламент во тек се сослушувањата на кандидатите за идни комесари кои треба да ја преземат должноста на 1 ноември. Гласањето од страна на членови­те на Парламентот се базираше на поединечните сослушувања на кандидатите кои се одвиваа во периодот помеѓу 27 септември и 8 октомври.  Идниот комесар за надворешни односи и политика на соседство, Бенита Фереро Валднер, која исто така ќе раководи и со програмите КАРДС и ЕИДХР, ги изложи приоритетите на својата канцеларија: понатамошна реформа на Над­ворешната акциска служба на ЕУ и вклучување на поли­тиката за намалување на сиромаштијата во Сосед­скиот инструмент. Целосните одговори на пра­шалниците на секој кандидат можат да се погледнат на http://www.europarl.eu.int/hearins/comission/2004_comm/questionnaires_en.thm.

Т.Х.