појмовник

Мотивација: Мотивирањето има за цел да ги стимулира луѓето добро да ги извршуваат своите задачи. Значи мотивирањето се фокусира на волјата и способноста на вработените да придонесат за остварување на целите на организацијата.
Пирамида на Маслов (Маслоњ): Според оваа теорија факторите за мотивација се поделени во 5 групи: физиолошки, основни потреби (храна облека, сместување, плата), сигурност (обезбеденост, здравствено и пензиско осигурување), социјални потреби (припаѓање на група, интеракција, потреба да се биде прифатен во средината), почи­тување (да се биде почитуван од другите, да се чувствува гордост на себеси), само­реализирање (личен развој, авто­номност на личноста). За да започне една личност да тежнее кон повисоките скали на пирамидата мора да & бидат задоволени фун­дамен­талните потреби.
Тим е група луѓе кои дејствуваат за оства­рување определена цел којашто ја спо­делуваат сите членови. Кавлитетите на еден тим, за разлика од групата, се: јасни цели, соодветно раководење (раководењето е задничка функција базирана на потребите што ги наметнува задачата), соодветно членство (секој член од тимот со инди­видуалните знаења, вештини и искуства придонесува тимот да има голем капацитет); учење (секој член учи од сопствените грешки и од искуствата на другите членови); тимски лидер (член на тимот кој има улога да го води тимот низ процесот на остварување на задачите).

Улоги во тимот: Во секој  тим се дефинирани четири типа улоги: двигател/ка (нуди креа­тивни и нови необични идеи и нови стратегии за тимот, ги согледува работите и проблемите на тимот на неконвенционелн начин), истра­жувач/ка (ентузијаст, секогаш свртен кон надворешниот свет, се поврзува со други организации и тимови и во својата орга­низација донесуваат нови идеи, контакти и ресурси однадвор), координатор/ка (добро претседава со расправите, ги разјаснува целите, координира со работата, ги рас­поредува работните задачи на најдобар начин, користејќи ги потенцијалите на секој член од тимот), обликувач/ка (динамичен лидер, со својата енергија го обликува целиот начин на работа на тимот), над­зорник/чка (критички ги анализира про­блемите и состојбите, ги вреднува сугестиите за да може тимот да донесе добри одлуки); тимска работа (благ и кооперативен, ја цени добрата комуникација и личните односи во тимот и лично ги поддржува луѓето во работата), спроведувач/ка (дисциплиниран организатор и администратор кои идеите ги претвора во практични задачи, планови, распореди и процедури), финишер/ка (совесна личност која со својата смисла за експедитивност се грижи задачата да биде остварена навреме), специјалист/ка (екс­перт/ка што поседува разни спе­ци­јалистички знаења за тимската работа.

Групна динамика: Откога ќе се оформи тимот, поминува низ 4 фази - бура на идеи, нормирање, формирање, дејствување.